Македонија

Разбојништво во маркет во Струмичко: Нападнале 40-годишен маж и одзеле пари од касата

Разбојништво во маркет во Струмичко: Нападнале 40-годишен маж и одзеле пари од касата

На 20.11.2026 во с.Баница, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.В.(23) и А.В.(22), а повикани во Полициската станица Струмица се и В.Р.(19) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко.

Според пријавеното, околу 18:30 часот во маркет во с.Баница, физички го нападнале В.С.(40) од истото село и со употреба на сила, одзеле пари од касата.

По документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни