Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на лидерскиот состанок во рамките на процесот Брдо-Бриони во Охрид, оствари средба со претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула.
На средбата било оценето дека македонско-косовските односи се пријателски, со отворена комуникација меѓу граѓаните и државните институции, како и со интензивна економска, трговска и културна соработка.
Двете претседателки ја поздравиле рамноправната застапеност на мажите и жените на денешниот состанок, а како професорки ја нагласиле потребата од поширока и поинтензивна соработка во областа на образованието и науката.
Како што соопшти Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа „Икс“, двете претседателки се согласиле дека добрососедските односи се важен предуслов за просперитетот на Западен Балкан.
Тие го посочиле процесот Брдо-Бриони како значаен инструмент за градење меѓусебна доверба и обезбедување сигурна европска перспектива на регионот.