Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Уставен го укина Колективниот договор во културата – рок до 1 април за ново решение за платите

Уставен го укина Колективниот договор во културата – рок до 1 април за ново решение за платите

Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор за вработените во културата во целина. Одлуката ќе стапи во сила на 1 април 2027 година, со што на надлежните институции и синдикатите им се оставаат речиси пет месеци за постигнување ново, законски издржано решение.

Уставните судии оцениле дека во Законот за култура не постои соодветна методологија за пресметување на платите, која треба да биде законски утврдена, а потоа дополнително разработена во колективниот договор.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, посочи дека правното дејство на одлуката е одложено поради последиците што би ги предизвикало нејзиното непосредно стапување во сила.

Министерството за култура и синдикатите во претстојниот период ќе треба да работат на нов колективен договор, додека Собранието ќе треба да ги донесе неопходните законски измени.

Осврнувајќи се на протестот на културните работници пред Уставниот суд, Костадиновски истакна дека го разбира незадоволството на вработените.

„Нашата работа не е да носиме одлуки кои се популарни или допадливи за некого, нашата работа е да го чуваме уставниот систем, состојбата на уставноста дури и некогаш кога последиците од нашите одлуки се, во најмала рака, болни“, рече Костадиновски.

Судијата известител Татјана Васиќ-Бозаџиева појасни дека во Законот за култура треба да се утврди методологијата за пресметка на платите, со јасно дефинирани степени на сложеност на работните места и соодветни коефициенти.

Таа потсети дека постапката пред Уставниот суд била поведена на 8 април годинава и дека на социјалните партнери веќе им бил оставен простор за преговори.

Колективниот договор за вработените во културата се применува од 2020 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни