Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Синдикатот на културата со остра реакција до уставните судии: Историјата ќе ви суди

Синдикатот на културата со остра реакција до уставните судии: Историјата ќе ви суди

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остра и симболична порака реагираше на одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор за вработените во културата.

Во објава на Фејсбук, Синдикатот го изрази својот револт, алудирајќи на погреб на работничките права.

„Се гледаме на седумдневениот помен, благата пченица е од нас за вас. Вечнаја памјат, а ВАМ историјата нека ви суди и ќе ви пресуди! Овековечени во историјата како ЕГЗЕКУТОРИ“, порачаа од Синдикатот.

Реакцијата следува откако Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор во целина.

Одлуката ќе стапи во сила на 1 април 2027 година, до кога надлежните институции и синдикатите треба да подготват нов колективен договор, а Собранието да ги донесе потребните законски измени.

Вработените во културата денеска протестираа пред Уставниот суд, изразувајќи го своето незадоволство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни