Македонија

Пендаровски во Австрија: „Франција нема да стави вето, но има право за нејзините барања“

Со високи почести беше пречекан во палатата Хофбург во Виена.
Својата службена посета во Австрија, претседателот Стево Пендаровски ја започна со средба со неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен. Тука беа и првите дами на двете земји. Претставниците на Македонија и Австрија одржаа тет а тет средба а потоа зборуваа пред медиумите. Виена за Балканот е порта кон Европа, рече Пендаровски додавајќи дека РСМ ги исполнила критериумите за добивање датум за преговори.

Пендаровски не мисли дека Франција ќе постави вето за почеток на преговорите, но дека со право бара подобрување на методологијата на преговорите.

Агендата при посетата на Австрија, шефот на државата ја продолжува о средба со сојузната канцеларка Бриџит Биерлејн, со претседателот на Националниот совет на Австрија, Волфган Соботка а во Дипломатската академија во Виена ќе одржи предавање за Преспанскиот договор како нетипично решение за Балканот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни