Македонија

Градоначалникот во обид да се најде решение – ВМРО-ДПМНЕ гласаше против отворање албанска паралелка

Училиштето „Тодор Јанев“ во општина Чашка и денеска остана празно. Но за разлика од вчера, учениците денеска отидоа на екскурзија. За учениците Албанци кои бараат настава на нивниот мајчин јазик, Општинскиот совет одржа седница за отворање албанска паралелка. Иако Општинскиот совет бараше седницата да биде отворена за медиумите, ова барање не се изгласа. По едночасовен состанок советот донесе одлука овластувајќи ја директорката на училиштето и градоначалникот да најдат решение за овој проблем. Со 7 гласа ЗА и 3 ПРОТИВ во општина Чашка се изгласа иницијатива за отворање паралелка на албански јазик.

„Јас како претседател на советот, градоначалникот и сите советници од ДУИ и СДСМ одлучивме да го решиме овој проблем од областа на образованието. Сите ќе дадеме максимум без оглед на меѓуетничкиот концепт, донесовме одлука со која се овластува директорката на училиштето и градоначалникот, во понеделник или вторник да се сретнеме на централно ниво со претставници од владата и министерот за образование и наука“, изјави Халит Ферати – претседател на општинскиот совет.

Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски вели дека ќе се обидат децата Албанци да учат на нивниот мајчин јазик.

Меѓутоа против оваа одлука беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа одлука го овластува градоначалникот и директорката на школото да го сменат статусот на училиштето со цел да може да се отвори паралелка на албански јазик во Чашка. Вчера група родители на учениците Македонци протестираа против отворање паралелка на албански јазик во Чашка со образложение тука живеат само Македонци и нема потреба за таква паралелка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни