Македонија

Дебата во „Click Plus”: Отворени листи и една изборна единица

Во синоќешното издание од „Click Plus“ се дебатираше за измените во изборниот закон и отворените листи. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија сметка дека со тие измени ќе се придонесе за демократизација на парламентот.

„Отворените листи ќе придонесат многу за демократизација на парламентот, бидејќи ќе имаме избирање, односно се пренесува комплетно на гласачите правото да одлучат и тоа треба да се објасни на јасвноста“, рече Александар Новаковски, екс претседател на ДИК.

За актуелната пратеничка и поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова овие измени ќе допринесат за да се види кој колку тежи и вреди на пазарот.

„Овие партии сакаат, раководството да биде неприкосновено и мислам дека најголем проблем е што ќе треба да се измери кој колку тежи на политичката сцена и затоа е толкав отпорот кон отворените листи“, рече Рангелова.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека досега немало можност по доаѓањето на новата Влада за промена на изборниот модел. Таа верува сега дека може тоа да се случи до предвремените парламентарни избори на пролет.

„Мислам дека немаше простор , ниту време за да може сериозно да се пристапи кон припрема и измена на изборниот законик, бијдеќи добро е познато дека независно од тоа што се потребни 61 глас, секогаш промената на ИЗ добро е да има целосен консензус“, изјави Калевска Ванчева.

На оваа изјава возврати Рангелова, која ја обвини партијата на Власт дека доколку биле за промени ќе се согласеле дека треба тоа да се реализира.

„Коментарот остава простор за „мало сутра“ како што би кажале и ако навистина сакаа да го изменат изборниот модел вчера имаа состанок на ЦО и мислам ако навистина беа заложбите такви очекував една од точките на дневен ред да беше промена на изборен модел бидејќи време е“, рече Рангелова.

Запрашана за новата партија и дали Нола Исмајлоска Старова би била дел од неа рече дека се уте е рано за тоа.

„Ако има таква понуда, согласно понудата ќе ја донесам својата одлука“, изјави Исмајлоска-Старова.

За промена на изборениот модел и отворени листи веќе се разговараше во Собранието. СДСМ го поддршка предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се против такви измени

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни