Македонија

Мајка од Mакедонија во камп во Сирија – „Ја повикувам државата да нè земе, тука не можеме да живееме“

„Јас сум Ревајет Шахини од Македонија. Шест години сум тука. Имам четири деца“, вели Ревјет Шахини.

Новинар: Каков апел имате до државата?

„Ако може да не земат, бидејќи и самите гледате во какви услови живееме. Ако можат нека не земат, бидејќи тука не се седи, бидејќи е ладно“, додава Шахини.

Новинар: Дали има ризик?

„Да, тука е многу опасно, се е ризично и самите гледате.“

Новинар: Дали знаете нешто за вашето семејство, за  вашиот сопруг, имате ли некакви информации?

„Не ништо не знаеме, ние по цел ден сме тука и немаме никаки инфомации.“

Вака сведочи Ревајет. Таа се наоѓа на 2.300 километри од Скопје, во кампот Ал Хол во Сирија.

Децата живеат во лоши услови, меѓу прашина и отпадоци. Околу нив, жени и девојки носат спакувана храна и се обидуваат да исчистат меѓу шаторите.

За да најдат жени и деца од регионот, новинарската екипа на А2 морала да пребарува неколку часа.

Новинар: Од каде сте?

„Од Тирана“, вели Бронлида Крчовар.

Пред колку години дојдовте тука и кој е вашиот апел до државата?

Тука сум веќе 6 години заедно со моите деца, тука недостасува образование. Замислете сега паѓа мрак и многу е ладно во камповите.

Кој е вашиот апел до државата?

Ние сега сакаме да се вратиме, доколку сакаат да не вратат нека не земат назад. Ако не…

Разговаравме со новинарот од А2. Ни рече дека ограничени се со интернет врска. Ни испрати аудио порака.

„Ние ја сретнавме само таа девојка, која ни го кажа името и презимето и беше од Македонија. Но сигурно таму има и други лица. За нас беше невозможно да комуницираме со сите нив бидејќи немавме многу време и поради безбедносни причини не можевме, но сигурнО има и други лица од Македонија. Само една успеавме да ја интервјуираме, таа ни ги даде податоците со што ќе биде и полесно за идентификување од страна на државните структури, кои сигурно треба да направат нешто“, вели новинарот на А2 – CNN Јулиан Касапи за ТВ21.

За тоа каква е состојбата во Сирија и Газа, разговараме со новинарот на РТС, Владимир Баниќ кој летово беше во овие делови.

„Штета е то младите луѓе не знаат ништо повеќе освен за камен и жица. Живеат на мала територија можеби колку Скопје. Тоа е се. Тие луѓе немаат идеја дека може да биде подобро. Луѓето  кои се по млади од 20 години не знаат како  изгледа мирот, не знаат за друга земја. Ако евентуално се напушти Израел, тоа значи имате сериозен медициски проблем и мора да правиме операција. Ова е несреќна територија“, вели новинарот на РТС, Владимир Баниќ.

Од МНР за ТВ21 велат дека до април оваа година 4 жени заедно со нивните 7 деца побарале од Сирија да бидат вратени во Македонија.

„4 жени – македонски државјанки, заедно со нивните 7деца, од кои дел се македонски државјани, престојуваат во бегалски кампови во Сирија. Две од споменатите жени кои престојуваат во бегалските кампови во Сирија, со посредство на Црвен крст, имаат стапено во контакт со Министерството за надворешни работи. Контактите со Министерството за надворешни работи ги оствариле заради издавање на документи и реализирање на транспорт од Сирија до С.Македонија“, велат од МВР.

Од започнување на сирискиот конфликт до сега вкупно околу 80 македонски државјани, кои биле вклучени во воените дејствија, логистика или присутни како придружба, се вратени во Македонија. Меѓу нив има една жена и едно малолетно дете.

Храната и облеката ги дистрибуираат курдските сили, додека водата за пиење се држи во пластични резервоари.Стотици деца се шетаат по улиците на кампот, гладни, разголени, некои работат на дистрибуција на храна и облека.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни