После ослободувањето од обвинение за Никола Груевски од случајот „Траекторија“ поради застарување на делото, и на Владо Бучковски му застаре делото во предметот „Тенковски делови“.
Предметет почна во 2007 година, и беше во тек третото судење. На денешното рочиште во завршен збор јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење.
Во 2007 година беше поднесено обвинение против Владо Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски за злоупотреба на функциите за нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови при што причиниле штета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.