Македонија

МВР за ТВ21 со детали за несреќата: Кичевчанец приведен, еден полицаец починал, друг се бори за живот

Околу 19 часот вечерва на патот Тетово-Гостивар во близина на Тумчевишка клучка полициските службеници од БПС-Гостивар, П.Ѓ. и Ф.Ш. додека обезбедувале лице место на сообраќајна незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „Форд фокус“, информираат од МВР со првични информации за ТВ21.

Ф.Ш. е пренесен во болницата во Гостивар, а П.Ѓ. починал.

Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р. Ш. (31) од с. Грашница-Кичево кој го управувал возилото „Форд Фокус“ со кичевски таблички.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни