Снимките кои бизнисменот Орце Камчев ги доставил до обвинителството, денеска не беа пуштени во судница. Поради енкриптираност на материјалите и заштитата, техничките служби не можеа да го решат проблемот, па судијката Васка Николовска-Масевски го прекина судењето, и закажа следно на 6. февруари.
Во судница се презентираа материјални докази од претресите на домовите на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
На крајот од денешното рочиште беше утврден и распоредот за судења во месец февруари, по што речиси секој ден ќе се работи по овој случај.