Злобната Руби е фатална и 18 години по серијата, а неодамна стана и баба

Без разлика дали сте биле љубители на мексиканските сапуници или не, мора да се сеќавате на фаталната и злобна Руби – која мајсторски ја донесе Барбара Мори, која се уште е фатална.

Барбара, која пред речиси две децении ја маѓепса и светската и македонската публика со улогата на Руби во истоимената серија, полни 44 години, но без разлика што е во петтата деценија од животот – фаталната Уругвајка сè уште плени со својата убавина.

Актерката кариерата ја започна како модел, а најголемата популарност ја стекна во серијата „Руби“.

Барбара мина низ тешка битка со здравствени проблеми. Актерката се соочува со рак на дојка уште од неполни 30 години.

Но, без разлика на се, нејзините обожаватели велат дека никогаш не изгледала подобро и дека успеала да ја задржи титулата секс симбол и во четвртата деценија.

Покрај улогата во култната серија „Руби“, Барбара постигна успех во филмови и серии, но оваа улога и го одбележа животот.

Инаку, Барбара пред неколку години, поточно во својата 39-та година играше и улога на баба.