Македонија

ЕСМ: И понатаму продаваме ноќни вишоци на енергија, ги повикуваме субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат

ЕСМ: И понатаму продаваме ноќни вишоци на енергија, ги повикуваме субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат

АД ЕСМ ја информира јавноста дека на отворена јавна аукција, за периодот 07-11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба,  АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари).

АД ЕСМ ќе продолжи и натаму да ја нуди на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка. Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни