АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават-час, што е за два евра повисока од претходната цена по која компанијата му ја продавала струјата на универзалниот снабдувач. Оваа промена ќе има значително влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари 2025.
Новиот тарифник за струја треба да биде утврден до крајот на оваа година, а ќе се применува од почетокот на следната.
Премиерот Христијан Мицкоски повеќе пати изјави дека не очекува големи промени во цената на електричната енергија. Според него, доколку има поскапување, тоа ќе биде минимално – помеѓу 1% и 3%.