ДУИ денеска се сретна во Мала Речица од каде по координацијата, Арбр Адеми од оваа партија најави дека ќе поднесат кривична пријава за прегласувањето што го најави Државната изборна комисија по испитување на поднесоците на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.
„Предупредувам, ќе има кривични пријави за сите членови на Државната изборна комисија, кои ја злоупотребиле службената должност. Тие не одлучуваа врз основа на законот, врз основа на тоа каква е правната рамка на државата, туку одлучија врз основа на политички диктат, политички договор само да отстапат, да ја нарушат слободната волја на граѓаните изразена на 8 мај“, рече Адеми.