Арбр Адеми од од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) соопшти дека партијата остварила победа во првиот круг на локалните избори во две општини.
„Во Липково изборниот процес е завршен, а нашиот кандидат Еркан Арифи победи со сооднос 3 спрема 1, без потреба од втор круг“, изјави Адеми.
Тој додаде дека изборите се завршени и во општина Пласница, каде што нивниот кандидат исто така ја заокружи својата победа со резултат 2 спрема 1.