Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска на брифингот со новинарите информираше дека во 2019 година за образованието ќе се потрошат 26 милјарда денари што е зголемување за седум отсто од минатата година.
„Минатата година имаше зголемување на платите за пет отсто, а за уште пет отсто ќе се зголемат и од следната учебна година. Освен во основното и во средното образование, зголемување на платите ќе има и во високото образование. Најголем дел од парите, 16,3 милијарди денари, ќе се трошат во основното и во средното образование, а исто така, ќе се инвестира и во нова математичко-информатичка гимназија“ – рече Адеми.