Адвокатите ја губат вербата во СЈО, Рауфи: Богатите се спасуваат, немоќните ги затвораат

Адвокатот, Насер Рауфи, смета дека 2018 е неуспешна и за СЈО, бидејќи не ги презема потребните мерки, и не ја заврши својата работа како што треба. Причината за бегството на неколкумината обвинети, Рауфи ја гледа токму кај недоволниот ангажман на СЈО. Тој, исто така додаде дека судството во Македонија е селективно и дека политиката продолжува да се меша и да ја контролира работата на судството и обвинителството.

„Специјалното јавно обвинителство во текот на целата година потфрли. Велам потфрли бидејќи не предложи притвор за лицата кои имаат скоро 10-12 кривични дела и многу сериозни дела според законот, каде казните се минимум 40-50 години. Неопходно беше да се одреди мерка притвор. Мислам дека е јасно дека политиката владее со судството, и понатаму политиката се меша во судството, дури и во обвинителството, без разлика на тоа во кое обвинителство, државното обвинителство и СЈО. Јасно е дека политиката целосно се меша во судството и обвинителството. “, изјави Насер Рауфи, адвокат.

Се вчитува...

Рауфи исто така вели дека според последните настани во областа правдата во Македонија, граѓаните веќе ја изгубиле вербата во СЈО. Според него „Моќните“ и понатаму продолжуваат да имаат посебен третман, и додаде дека во една правна држава не може се уште да има монтирани случаи.

„Кога јас како адвокат со искуство ја изгубив вербата, верувам дека и граѓаните ја изгубиле вербата. Навистина имавме голема надеж кај ова Обвинителство. Бевме убедени дека ова обвинителство ќе ја извлече нашата држава од правниот хаос и политички монтираните случаи. Но ние немаме никаков резултат од ниту еден политички монтиран случај. Јасно е дека се работи на селективен начин, и од етнички аспект, но и од аспект на тоа кој се казнува. Богатите се спасуваат од затвор, тоа е јасно, одат во притвор а на немоќните лица им се монтираат случаи, или на тие кои немаат можност да се бранат“, додаде Рауфи.

Обвинетите за настаните од 27 април, кои излегоа од затвор, беа амнестирани во согласност со Законот за амнестија кој беше изгласан на 18 декември од страна на Собранието на Република Македонија, а на другите обвинети за случаите „Империја“ и “Титаник“, освен на Мијалков, на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е изречена помала казна на предлог на СЈО.

 РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21