Македонија

Африкански топол бран пристигнува во Македонија: температурите до 35 степени

Африкански топол бран пристигнува во Македонија: температурите до 35 степени

Пред Македонија е период на значително потопло време, под влијание на умерен топол бран со потекло од Африка. Иако температурите ќе растат, не се очекуваат екстремни горештини, туку стабилно и сончево време, со мал потенцијал за краткотрајни локални нестабилности.

Во следните денови времето ќе биде претежно суво и стабилно, со мала до умерена облачност. Постои можност, но само локално и повремено, за краткотраен пороен дожд.

И во Скопје и околината ќе преовладува слична метеоролошка слика — многу потопло, стабилно и сончево време.

Температурите ќе бидат во пораст, како во утринските, така и во дневните часови. Максималните дневни температури на повеќе места ќе достигнуваат околу 30°C, а на места, особено во Повардарието, ќе надминуваат и 35°C. Во некои случаи, можно е температурите во овој регион да бидат и неколку степени повисоки.

УВ индексот ќе се движи меѓу 7 и 8, што претставува умерено до многу висока вредност, па се препорачува претпазливост при изложување на сонце во најтоплите делови од денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни