Македонија

Ахмети до Мицкоски: Подготви се добро, за една година заедно со локалните и парламентарни избори

Ахмети до Мицкоски: Подготви се добро, за една година заедно со локалните и парламентарни избори

„Мицкоски вчера изјави дека денеска е една година од предвремените парламентарни избори, нека се подготви добро за теренот“, изјави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вечерва во Боговиње, јавува репортерот на ТВ21

Ахмети вели дека ја поддржува идејата во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.

„Самиот Мицкоски вчера изјави дека на денешен ден за 1 година ќе бидеме на предвремени парламентарни и локални избори. Овде му се суди на Христијан Мицкоски, дали е човек кој си стои на зборот или само го кажа тоа за да ја исплаши македонската опозиција. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни