Македонија

Ахмети и косовскиот министер за транспорт најавија пат меѓу Тетово и Призрен

Ахмети и косовскиот министер за транспорт најавија пат меѓу Тетово и Призрен

По барање на косовскиот премиер Албин Курти, денеска се сретнаа лидерот на ДУИ Али Ахмети и косовскиот министер за транспорт. Ахмети изјави дека е разговарано за реализација на проектот за изградба на пат од Тетово до Призрен и нагласи дека во интерес на двете држави е преку официјални разговори да се поттикне економската и друга соработка.

„Во интерес нашата држава е развој на соработаката со Косово како и развој на соработката и со другите соседни земји, зашто треба да имаме предвид дека регионот мина низ конфликти и војни со тешки последици. За да се биде успешен во градењето добри односи со народите и граѓаните,  потребна ни е подобра соработка“, рече Ахмети.

Тој рече дека изградата на пат од Тетово до Призрен, кој е проектиран, ќе биде од особен интерес на двете земји.

„Мора да се концентрираме на тоа како да ги развиваме натаму пријателските односи“, нагласи Али Ахмети.

Како што кажаа на прес-конференцијара, меѓувладини екипи сериозно работат на ова прашање, да се заврши побрзо проектирањњто и да започне изградбата.

„Чекорите кои што треба да ги преземеме за патот кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, пат кој има голем придонес и влијание за двете наши земји. Ние сме во фазата за постигнување на финансиски договор за проектирање на заедничкиот тунел меѓу двете земји и потоа да пристапиме кон реализацијата“, рече министерот од Косово.

Овој проект ги поврзува освен Призрен и Тетово и националните паркови од двете страни на границата додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни