Ахмети: На земјава ѝ треба еден консесуален претседател

„Мислам дека не сме далеку од идејата дека на земјата ѝ треба еден консесуален претседател, еден усогласен претседател, но сè уште не сме разговарале за деталите и мислам дека во иднина, по завршување на овие големи процеси кои ги имаме, ќе може да разговараме и за ова тема, но ние достојно стоиме до тој принцип за кој не еднаш, туку неколку пати сме се декларирале дека, за добробитта на земјата, во корист на земјата, ќе беше ако имавме една фигура која нè зближува и не која нè разделува“, вели Али Ахмети во викенд интервјуто на Радио Слободна Европа.

РСЕ: Господине Ахмети, како ќе го убедите СДСМ да ја прифати идејата за консензуален кандидат за претседател ако се земат предвид некои последни испитувања на јавното мислење според кои ДУИ има речиси исти рејтинг како СДСМ кај албанскиот електорат?

Се вчитува...

„Е, сега не би сакал да навлезам, ниту да шпекулирам, ниту да коментирам анкети, затоа што анкетите треба да ги коментират самите куќи кои ги прават анкетите, но едно се знае дека Демократската унија за интеграција ја има легитимноста и најголемата поддршка на Албанците на Република Македонија“, додаде Ахмети.

ДУИ и во 2014 година бараше форма за избор на консенсуален кандидат.

Извор: ТВ21