Македонија

Ахмети: Не ги обвинив Алфа и Телма, иритиран сум од говорот на сограѓаните Македонци со омраза против Албанците

Ахмети: Не ги обвинив Алфа и Телма, иритиран сум од говорот на сограѓаните Македонци со омраза против Албанците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска порача дека не ги обвинил телевизиите Алфа и Телма.

„Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи“, изјави Ахмети во емисија на во Телевизија Клан, коментирајќи ја вчерашната негова изјава од Гостивар што предизвика низа реакции од новинарските здруженија.

Според него, оваа земја е заедничка и мора заедно да ја градиме.

„Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ“, рече Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни