Токму како што беше предупредено, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети денеска на социјалните мрежи го започна својот говор со алармирање на руското влијание во регионот и земјата.
Ахмети рече дека Русија има влијание врз социјалните пори на нашата земја.
„Поларната мечка, Русија ни тропа на врата и се меша во сите пори на нашето општество и влијае на партиската сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии, во медиумите, во граѓанското општество и во секој општествен сегмент, не само овде, туку и во регионот. Путин и Лавров изјавија дека членството на РСМ во НАТО е линијата на огнот.
Сведоци сме дека членството во ЕУ не ни е можно и повторно сме изолирани. Македонија е мала земја на раскрсницата на цивилизациите. Затоа, ве повикувам да се собереме и да ја водиме последната битка од вечната војна и заедно да кажеме „не за Русија, да за Европа“, рече Ахмети.