Македонија

Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети денеска доби титула „почесен граѓанин“ на Тирана.

Градоначалникот на албанската престолнина, Ерион Велиај, по чиј предлог му се доделува титулата, рече дека е чест да му се додели вакво признание на голем човек како Ахмети.

„Оваа титула му се доделува како признание за неговиот континуиран придонес во заштитата на интересите на Албанците во Република Северна Македонија, растот на политичките, социјалните и економските односи меѓу албанската заедница на Северна Македонија и граѓаните на Тирана и зајакнување на врската меѓу заедниците за да се изгради заедничка клима на соработка и почит меѓу Албанците и Македонците“, додаде Велиај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни