Ахмети: Утре се обединуваме околу јасна цел – барањето за правда и отфрлање на измислените обвинувања на Србија и Русија!

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, повика на масовно учество на митингот што ќе се одржи на 13 декември на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Ахмети истакна дека ОВК останува дел од националниот идентитет и нагласи дека митингот има за цел барање за правда и отфрлање на, како што рече, „измислените обвинувања на Србија и Русија“.

Се вчитува...

„Утре, 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот Скендербег во Скопјe, се обединуваме околу јасна цел: барањето за правда и отфрлање на измислените обвинувања на Србија и Русија“, се наведува во соопштението на Ахмети.

Претседателот на ДУИ ги повика сите граѓани да се приклучат и да учествуваат на митингот.