Вработените во Ајфеловата кула во Париз во понеделник ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи, но тие денеска нема да можат да го посетат обележјето и ќе бидат лишени на погледот од врвот на кулата на „Градот на светлината“.
Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се менаџира, а приходите се преценети, а трошоците за одржување се потценети, ги пренесува нивните зборови Le Parisien.
Ајфеловата кула обично треба да се бојадисува еднаш на секои седум години, но не била обоена со нов слој цели 14 години и почнала да рѓосува, изјави за France Info претставникот на синдикатот Денис Вавасори.
„Очигледно е дека кулата е во фаза на распаѓање“, рече Вавасори, а дури и вработените кои работат во компанијата за управување и одржување и „Железната дама“ веќе 30 години тврдат дека никогаш не ја виделе во повеќе мизерна состојба.
Кулата, која се наоѓа во близина на Сена, била изградена за светската изложба во Париз во 1889 година.