Во 2011 година не можевме да направиме попис токму поради лошите демографски податоци кои ги имавме,вели Пендаровски.
„Можеме да замислиме сега ако до година или 20201 година, ако направиме попис колку ќе не пребројат. Ние сме минимум половина милион помалку од тоа што бевме во Југославија“, изјави Пендаровски.
Тој додава дека и по 30 години во ваква економска ситуација сосема не битно кој бил премиер или претседател или која политичка партија била на власт, ако за 30 години ние сме отишле надолу, ние се чудиме кога младите велат јас имам намера да избегам бидејќи не гледам перспектива.