Центарот за управување со кризи информира дека до 21 часот на територија на државата се евидентирани 25 пожари на отворен простор.
- Опш. Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума
- Опш. Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки
- Опш. Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)
- Опш. Куманово, с. Романовце – пожар во ниска вегетација
- Опш. Карбинци, с. Таринци – пожар во ниска вегетација и стрниште
- Опш. Валандово, м.в. Погана – пожар во шума
- Опш. Македонски Брод, с. Самоков – пожар во кругот на фабрика за муниција и оружје