Македонија

Активни четири пожари во земјава, шест под контрола

Активни четири пожари во земјава, шест под контрола

На 11.07.2025 година, до 12:30 часот, има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои:

Активни: 4

Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)
Општина Куманово: местото Преовце-Куманово (ниска вегетација)
Општина Старо Нагоричане: с. Ругинце (ниска вегетација)

Под контрола: 6

Општина Македонски Брод : с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
Општина Македонски Брод : с. Слатина (мешана шума)
Општина Македонски Брод : с. Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)
Општина Македонски Брод : во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод : помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
Општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)

Локализирани: 2

Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
Општина Свети Николе: с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа)

Изгаснати: 2

Општина Чучер Сандево: црквата Свети Тројца (ниска вегетација)
Општина Македонски Брод: с. Белица (нискостеблеста шума)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни