Активни осум пожари низ Македонија

Во текот на денот, до 19:00 часот, има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 8 и изгаснати се 18.

АКТИВНИ: 8

1. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, пожарот се шири на 3 крака: с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани. (нискостеблеста вегетација);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол (мешана шума);

3.Општина Петровец: с.Градмаци, с.Брезница и с.Катланово. (нискостебелста шума)

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

6. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума).

7.Општина Прилеп: Во близина на ресторанот „Романса“ на стариот пат Прилеп – Битола (сува трева) – запален на различна локација од изгаснатиот пожар (препален)

8. Општина Прилеп: Место викано Дервен во близина на планинарски дом Дервен (сува трева) – различна локација од изгаснатиот пожар, префрлен од пожарот од Општина Чашка

ПОД КОНТРОЛА: /

ИЗГАСНАТИ: 18

1. Општина Брвеница: с.Челопек (сува трева и грмушки)

2. Општина Јегуновце: Место викано Шлака (сува трева)

3. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ѓубриште)

4. Општина Прилеп: Место викано Дервен во близина на чешмата (сува трева)

5. Општина Прилеп 2: Во близина на ресторант Романса (сува трева)

6. Општина Штип: градска депонија (ѓубре).

7. Општина Кисела Вода: бул.Борис Трајковски кај Расадник (сува трева)

8. Општина Студеничани: с.Студеничани (сува трева)

9. Општина Карпош: с. Злокуќани (сува трева)

10. Општина Неготино 1: с.Пепелиште (ѓубриште и сува трева)

11. Општина Неготино 2: Кај бензинска пумпа Мак Петрол (ниска вегетација)

12. Општина Куманово: Покрај автопат Табановце-Куманово кај бензинска пумпа Детоил (сува трева и стрниште)

13. Општина Врапчиште: с.Добридол (запалена нива)

14. Општина Врапчиште: с.Врапчиште (сува трева)

15. Општина Крушево: с.Белушино (сува трева)

16. Општина Демир Хисар: с.Загорче (сува трева и ѓубриште)

17. Општина Гостивар: с.Чегране (мешана шума и сува трева)

18. Општина Врапчиште: с.Сенокос кон с.Неготино (сува трева во ниви)

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното