Македонија

Акциска контрола во Македонска Каменица: Оставале малолетници во угостителски објекти после полноќ и точеле алкохол на истите!

Акциска контрола во Македонска Каменица: Оставале малолетници во угостителски објекти после полноќ и точеле алкохол на истите!

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица, при што констатирано е кривично дело точење на алкохол на малолетно лице и прекршок присуство на малолетник во угостителски објект после 24:00 часот.

За наведените дејствија ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Исто така од страна на инспексциските служби констатирани се неправилности за што се изречени соодветни мерки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни