Повеќе лица се лишени од слобода при ноќешната акциска контрола спроведена во угостителски објекти во Скопје, во рамки на засилените активности за контрола на работењето на локалите.
Контролата ја спровеле Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, при што биле легитимирани 37 лица, а осум лица биле лишени од слобода. Меѓу нив имало и три малолетни лица.
При контролите во два угостителски објекти било утврдено пречекорување на дозволеното работно време. Во еден од објектите, пак, било констатирано точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на лица кои поседувале наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од надлежните институции најавено е дека акциските контроли во угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период.