Македонија

Акциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници, точење алкохол на малолетнци

Акциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници, точење алкохол на малолетнци

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

При контролата приведен е Д.К. кој се барал по три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.

Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот. 

Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни