ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на
водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и
употреба на водата.
Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на
зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и
спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување
и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да
го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-
skopje.com.mk