Балкан

Албанец пукал во Срби на Косово, ранил 11-годишно дете

Албанец пукал во Срби на Косово, ранил 11-годишно дете

Албанец ранил двајца Срби со автоматско оружје во јужно Косово, меѓу кои и малолетник, за време на прославата на православниот Бадник, пишува белградскиот весник „Вечерне новости“, повикувајќи се на канцеларијата на српската влада за Косово.

Според изданието, 11-годишно момче и 21-годишен маж се повредени во областа Штрпце од автомобил кој поминувал. Тие биле итно пренесени во болница со умерени повреди.

Директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово, Петар Петковиќ, го нарече нападот врз српските момчиња „обид за убиство“ и рече дека некој сака да им подари на Србите „крвав Божиќ“, пишува белградскиот весник „Политика“.

„Обид за убиство на две српски момчиња во Готовуша кај Штрпце. Според локалните жители, врз децата пукал Албанец од возило во движење. Милош и Стефан се со прострелни рани. Во нив било пукано додека носеле елка. Некој сака да ни подари крвав Божиќ“, напиша Петковиќ на Твитер.

Подоцна Србите го блокираа патот во Готовуша со барање да се уапсат напаѓачите на српските момчиња, забележува Политика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни