Балкан

Албанскa владинa службеничка отпуштена затоа што пушела цигара во американски ресторан

Албанскa владинa службеничка отпуштена затоа што пушела цигара во американски ресторан

Албанската министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу, потврди дека го отпуштила својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во американски ресторан.

Таа напиша на Фејсбук дека ја отпуштила Анди Махила врз основа на жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк дека Махила, која била во посета, пушела цигара во ресторанот „предизвикувајќи немир меѓу присутните“.

Албана Кочиу е првата жена началник на полицијата во историјата на Албанија и беше министерка за здравство во претходната влада.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни