Македонија

Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување

Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување

Потпишана е Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили.

Потписи ставија лидерите на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП) Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива, Биљал Касами на Движењето Беса и Беким Ќоку.

Во неа се истакнува дека поставуваат темели на нова ера кај албанските партии во државава.

Кандидат на четирите партии за претседателските избори ќе биде Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни