Обид за пренесување наркотична дрога преку граничен премин Деве Баир бил спречен откако полицијата при контрола на товарно возило пронашла 24 пакувања со марихуана.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 8 јули 2026 година околу 20 часот, на излез од државата на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ч.А.(40) од Република Албанија.
При извршената гранична контрола и претрес на товарно возило „Волво“ со албански национални ознаки, кое го управувал приведениот, во кабината на влекачот биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител, а 40-годишниот албански државјанец е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Надлежните продолжуваат со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот.