Македонија

Албански државјанин уапсен: Во автобус на ЈСП извршил џепна кражба!

Албански државјанин уапсен: Во автобус на ЈСП извршил џепна кражба!

На 14.12.2024 во 21.00 часот на Транспортен центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ц.Ш.(47) од Република Албанија.

Тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил џепна кражба, при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници. Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни