Македонија

Албанскиот јазик нема да се употребува во наредбите на АРМ, тече рокот за избор на директор на Агенцијата за законот

Во наредбите на АРМ нема да важи Законот за употреба на јазиците, рече синоќа министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. Што се однесува до Законот за употреба на јазиците кај “униформите“, во емисија на 1ТВ, Шеќеринска рече нема да влијае на работата на офицерите и војниците. Според неа, најголем предизвик во однос на Законот за јазиците ќе биде работата на судството.

Во меѓувреме, од вчера е отворен јавниот конкурс за избор на директор на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Конкурсот ќе трае 5 дена. Директорот на оваа агенција ќе има четиригодишен мандат и со право на повторен избор. Потоа, ќе се формира и Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе врши мониторинг за тоа како се спроведува законот. За не спроведување на Законот за употреба на јазиците предвидени се казни од 4 до 5 илјади евра.

-Да биде државјанин на Македонија

-Да не биде осудуван за некое кривично дело

-Да има најмалку 240 кредити или титула магистер

Во меѓувреме, Законот за употреба на јазиците по потпишувањето од претседателот на Собранието, Талат Џафери и по објавувањето во Службен Весник, е испратен во Венецијанската комисија за мислење во врска со спорните членови кои се однесуваат на банкнотите, униформите на војската и хартиите од вредност.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни