Поврзи се

Македонија

Албанците, во ’90-тите и денес – Шаќири: Албанците да бидат составен дел од државата

Published

on

На 8 септември 1991 година Албанците од Македонија го бојкотираа референдумот за независност. Период во кој  немаа  завидна политичко-општествена положба, особено по демонстрациите во 1981 во Косово, кога Албанците беа под постојан притисок. „Ги немавме елементарните права кои ги гарантира една демократска држава“, потсетува Хисни Шаќири, пратеник во првиот парламентарен состав на Македонија. До бојкот дојде за да не се дозволи злоупотреба на Албанците за независна држава, кога всушност државата не ги земаше предвид.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Основното барање на Албанците во тој период беше Албанците да бидат составен дел од државата, како категорија на државотворен народ. Кога дојде моментот за усвојување на Уставот, и тогаш Албанците не беа земени предвид и доживеаа потешка катарза отколку референдумот. Повторно ни беше негирано правото да бидеме државотворен народ и нашето дефинирање во рамките на новиот Устав, беше како национално малцинство со ограничени права“, посочува Хисни Шаќири.

Другиот пратеник од првиот парламентарен состав, Мухамед Халили, вели дека надежите на Албанците од Македонија во 1991-та, биле да се вратат правата од кои биле лишени во Југославија.

Loading...

„Беше тешко да се направат колосални чекори затоа што целиот наш фокус беше ставен на јазичниот и културниот аспект, од  тој аспект ја изгубивме економската состојба, македонските политички сили го искористија тоа и направија приватизација која во тоа време ја фалеа, но подоцна се покажа дека е криминална приватизација, еднопартиска, едноетничка итн.“, посочи Мухамед Халили.

Насилството, државниот терор врз Албанците и нерешавањето на бројни прашања беше причината која доведе до конфликтот во 2001 година, што го натера екс-пратеникот Хисни Шаќири да ја облече униформата на ОВК (УЧК). „Трпението го достигна врвот. Албанците не можеа веќе да дејствуваат со демократски средства. Војната беше неизбежна“, вели тој. И денеска, 29 години по независноста и 19 години од Охридскиот договор, изразува незадоволство од статусот на Албанците.

„Суштинското прашање и основа за иднината на еден народ е неговиот статус и како тој народ е третиран во една држава. Ние, сакале или не, треба да ја прифатиме реалноста и денес во 2020 -дека Албанците во рамки на уставните измени со Охридскиот договор се третирани како малцинство, правото на јазикот е многу перфидно изманипулирано, што малку држави во светот го имаат, каде еден народ се третира како нумеричка, статистичка категорија како што сме ние третирани во Македонија“, изјави Хисни Шаќири.

Екс пратеникот Халили вели дека 29 години се малку за историја но се многу за една генерација. Напредок има, но додава дека чекорењето се одвивало бавно.

„Денес проблемите со образованието и јазикот, ако се исклучи  уставноста и официјализирањето на албанскиот јазик, очигледни се, имаме застој во други области како резултат на криминалните политички структури скоро две децении и со целиот песимизам и незадоволство кои ги имаме секојдневно, слободно можеме да кажеме дека Македонија од аспект на уставноста е правна држава но теоретски, а од аспект на спроведување на праксата во правосудството, заостанува зад сите држави на југоисточна Европа“, додава Мухамед Халили.

Албанците во Северна Македонија за разлика од 90-те, денес имаат повисока застапеност во државното институционално мнозинство, иако кај некои други и натаму процентот е недоволен за рамноправна застапеност. Во Собрание во моментов има 32 пратеници Албанци од 6 различни партии. Собранискиот спикер е Албанец. Според политичкиот договор на актуелното мнозинство, се очекува и премиер Албанец во последните 100 дена од владата. Функционираат 3 универзитети на албански јазик, а двајца заменици министри и 6 министри од новиот кабинет се Албанци, за разлика од по еден вицепремиер и еден министер во владата во 1991 година.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com