Алијанса за Албанците против законот за амнестија, ќе се бара постапка за оценување на уставноста

Партијата Алијанса за Албанците е против донесениот закон за амнестија, и денеска рекоа дека ќе поднесат иницијатива во уставен суд. Тие не гласаа за донесувањето на законот.

„Собранието по скратена постапка донесе закон за амнестија кој има улога да амнестира одредени луѓе. Алијансата за албанците не беше присутна на гласаањето и го осудува овој чин и сме против законот, и сега сме во процедура за покренување постапка за оценување на уставноста на овој закон“, рече пратеникот Сурија Рашити.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното