Македонија

Алијансата за Албанците инсистира на предвремени парламентарни избори

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Сеља, настојува заедно со претседателските избори да се одржат и предвремените парламентарни избори. Тој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, рече дека државата треба да оди на предвремени парламентарни избори поради многу причини, а една од нив е мешањето на политиката во судството.

-Како Алијанса за Албанците  неколку пати го повторивме нашиот став во врска со предвремени избори. Ова го направивме и по референдумот и по Уставните измени. Го повторивме барањето дека треба да се оди на избори. Сега има и претседателски избори, бараме заедно со претседателските избори да има и предвремени парламентарни избори – рече Сеља.

Бујар Османи од ДУИ, вели дека неговата партија ќе одлучи откако ќе оцени кој е вистинскиот пат, меѓутоа рече дека поважен е евро-атлантскиот пат.

Инаку, предвремени избори бара и ВМРО-ДПМНЕ, а се очекува до крајот на неделата СДСМ да донесе одлука по ова прашање.

Репортер: Арменд Абази

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни