Македонскиот најистакнат алпинист, д-р Сашко Кедев, утрово по локално време се искачи на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) – 9-ти по ред највисок врв на светот, јавува „Nepal News“.
Се работи за една од најтехничките и најтешките планини во светот, па затоа е прогласена за трета по ред најсмртоносна планина во светот (зад Анапурна и К2).
Планината има и прекар „планина убиец“
Порталот пишува дека во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачиле на врвот.