Алтернатива: Државата од промена на документите со новото име ќе ќари 100 милиони евра

Како што веќе се знае, до 12 февруари 2024 год. сите граѓани на Северна Македонија мора да ги променат сите лични документи, со цел на нив да стои новото име на државата, велат од Алтернатива.

„Според пресметките што се прават, секое семејство ова ќе го чини најмалку 3.000 денари, а една едноставна пресметка покажува дека само за
промена на регистерските таблички на возилата, државата ќе има корист од граѓаните некаде околу 11 милиони евра. Ако се пресметаат и цените на сите останати лични документи, сумата од која ќе има корист државата може да надмине над 100 милиони евра.

Во ова време, кога нашите граѓани имаат секојдневни поплаки, бидејќи зголемувањето на инфлацијата и растот на цените на прехранбените
производи им го отежна животот, да се оптоваруваат со уште 100 милиони евра за нешто за што немаат никаква лична обврска, бидејќи тоа е државна обврска, ова е товар и сериозна штета за граѓаните.

Менувањето на името на државата не треба да го плаќаат граѓаните. Ако оваа влада не е во состојба да ја реши економската благосостојба на
граѓаните, овозможувајќи им достоинствен живот без сиромаштија, треба барем да ги заштеди од финансиските товари.

Затоа, АлтернАтивА ги повикува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, но и Министерството за финансии, да изнајдат
решение и да не ги оптоваруваат граѓаните надвор од вон можности и обврски. Во спротивно, оваа есен, кога поскапуваат цените, кога се
зголемуваат сметките за електрична енергија, да се додаде и оваа казна за граѓаните, ова не само што е скандалозно и срамно, туку и погубно за семејната економија на нашите граѓани“, порачаа од Алтернатива.