Забраната за образование на албански јазик во велешката гимназија е спротивна на Уставот и на законите, сметаат од партијата Алтернатива.
„По потврдената информација дека ученици Албанци од Велес не биле примени во гимназијата на тој град и биле принудени сами да се повлечат од пријавување, АлтернАтивА ја изразува својата загриженост дека Северна Македонија секој ден се претвора во српски полигон за експериментирање со албанското образование.
Исто како во раните ’90-те години, кога отворањето на една албанската паралелка во училиште беше годишна вест, во Велес ова се случува во 2023 година, кога имаме министер кој се идентификува како Албанец, кога на власт е партијата која неколку пати имаше министри Албанци за образование и уште една партија со придавката „Албанска“.
Меѓутоа, тоа не е доволно ниту да се отвори една албанска паралелка во Велес, но и во Битола, каде што учениците Албанци веќе неколку години учат на македонски јазик.
За нас е јасна тенденцијата на општинските власти, кои – со спречување на образованието на мајчин албански јазик – сакаат да протераат што е можно повеќе Албанци од тие краишта или да асимилираат што повеќе Албанци и, притоа, иако е злобен чин, тоа се очекува од нив, но немаме објаснување како е можно тоа да го дозволи министерот за образование и наука, кој има албанско име и доаѓа од албанска партија.
Ова е пострашна вест од отсуството на албанска паралелка во Велес и во Битола.
Занимавајќи се со бизнисот на казината или со прочистување на Рамиз Мерко од американската црна листа, на овој министер и на оваа партија веќе не им е приоритет албанското образование и албанските периферии во Северна Македонија.
Оваа загриженост нè принудува уште повеќе да се мобилизираме, бидејќи на сите веќе ни стана јасно која е силата и интересот на ДУИ за Албанците во Северна Македонија. Затоа ја повикуваме Владата на РСМ, министерот за образование и наука, како и општинските власти на Велес да не го попречуваат албанското образование, бидејќи не само што го прекршуваат Уставот и законот, кои на секој граѓанин на РСМ му гарантираат образование на својот мајчин јазик, туку на тој начин изразуваат и фашизоиден пристап кон албанскиот народ во Северна Македонија.
А овој презир ù чини многу на земја која се стреми кон интеграција во Европската унија. Како и да е, ова понижување на учениците Албанци во РСМ говори дека на оваа власт ù се избројани деновите и дека го собира последниот плен за да заврши во историјата на срамот“, стои во соопштението на Алтернатива.
