Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдуваат од неговото семејство преку социјалните мрежи.
„На Алах сме и на него ќе се вратиме. Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани. Церемонијата за погреб ќе се одржи денес со Икинди намаз во џамијата, а потоа на гробиштата Бутел“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот.