Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, му честиташе на Талат Џафери по повод неговото именување за прв албански премиер.
Гир на социјалната мрежа Х (екс Твитер) пишува дека очекува блиска соработка со новата влада, во насока на интеграција на земјата во ЕУ.
Целосен статус:
„Честитки до премиерот Џафери за неговиот избор за премиер. Очекуваме блиска соработка со него и со новата влада во овој важен момент во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ.“