Македонија

Андоновски се сретна со младите од ИТ секторот

Андоновски се сретна со младите од ИТ секторот

Новиот Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ секторот

„Првата официјална средба како Министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија.’’

Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.

„Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада со која што ќе се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата.”

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни